ДА ОБЕЗБЕДИМЕ ДРЖАВЈАНСТВА И ПАСОШИ ЗА СИТЕ КОИ ГИ ИСПОЛНУВААТ УСЛОВИТЕ И КОИ САКААТ ДА ГИ ДОБИЈАТ ОВИЕ ДОКУМЕНТИ

Надлежните институции во Македонија имаат податоци за бројот на државјанства и издадени пасоши за сите земји.

На сите досегашни годишни конференции на дијаспората, познати се главните барањата на дијаспората, посебно во делот за полесно добивање на државјанства и биометриски пасоши Досегашните акции на ова поле, повеќе беа стихиски и партиски обоени.

Со лично ангажирање на пратениците од дијаспората, со планска работа, може да се обезбеди, најлегално, најлегитимно, Македонците да добијат државјанства и биометриски пасоши.

Со ваква акција да се почне одма после изборите, до следните претседателски избори да се обезбедат барем дупло повеќе од пријавените околу 20.000 од дијаспората за овие избори.

Пратениците се тие кои можат да помогнат за скратување и олеснување на постапката за стекнување на државјанството на Република Македонија и добивање на македонски пасоши во амабасадите, во соработка со асоцијациите на Макеоднците во светот.

Но ќе повторам, без партиски влијанија и определувања во контактите со асоцијациите.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top