Познати се правилските одредби, позната е состојбата околу дефинирањето на нашите граѓани кои сега живат надвор од Македонија.
Постојат разлики во тоа одредување и дефинирање /иселеници, дијаспора, македонско малцинство во соседните земји…/
Според МНР, терминот и концептот ДИЈАСПОРА, значи поим што во себе ги опфаќа македонското национално малцинство во соседните земји на РМ и иселениците, лица со поранешно македонско државјанство.
Јасно ми е дека од одредувањето и прифаќањето на тоа што сме и кои сме и како сме прифатени, зависи и одредувањето како треба да се постапува кон нас, Македонците кои живееме надвор од Македонија Едно се Македонците во соседните земји на Македонија, друго се Македонците во бившите ЈУ републики а трето се ислелениците во сите земји во светот, но заедничко за сите нас е дека ние живееме надвор од својата татковина.
Така треба да се постапува и планира работата Време е и кај нас, во Македонија да се свати дека треба подруг однос кон дијаспората