Решенија во Транспортот
Без разлика колку возила се движат низ градот постојано треба да се стремиме кон намалување на загадувањето од издувот.
1. Без разлика на типот и годиштето на возилот секој сопственик за тоа платил данок и има право да го користи своето возило без временски ограничувања. Единствено е при техничкиот преглед да се провери дали возилото ги исполнува оригиналните спецификации за издувни гасови.
2. Наместо да трошиме пари на двоспратни автобуси можеме да субвенционираме мотори за сите кои вршат превоз на патници. Мотори на ТНГ кои и да не загадуваат се особена прeдност за возилата кои се движат во градските средини. За да нeма забуни истите треба да паднат на трошок на државата и да бидат подеднакво распределени по градови и помеѓу приватниците и јавните претпријатија.
3.Закон за сите државни или подобро службени возила кои се користат во градските средини да мора да бидат Хибридни со можност најмалку од првите 100 км. да се движат на ел енергија.
4. Субвенционирање на приватниците кои имаат комерцијални возила кои се користат исклучиво во градските средини и кои при промената ќе се решат да набават поскапи Хибридни модели.
Можеби требаше прво затоа што е најважно
5. Популаризирање на градскиот превоз
5.1. Пристапност
5.2. Поставување на држачи за велосипеди.
5.3. Затворени и затоплени постојки
5.4. Ноќни линии
6. Што поскоро заокружување на проектот за велосипедска патека во Битола.
7. Градски паркинг простор и простории каде ќе се собираат жителите на градот и ќе можат понатаму со градски превоз да одат до Пелистер или други места од јавен интерес со цел да се намали превоз со персонални возила.
Продолжува…
Наредно Отпад