ХЕЦ

Приказна за тоа како Македонскиот мал бизнис изгуби повеќе од 30 милиони евра.

Некаде во 2011 бев година дена во Македонија да го заокружам Магистерскиот труд но и да се обидам да ги искористам моите врски за да се реализира некоја инвестиција во енергетиката. Во тоа време беа популарни микро хидроцентралите поради публикацијата за можност од 120 микро #Хец инвестиции. За таа цел стапив во контакт со Словенечки производител кој произведува опрема со гаранција како Германската но со поповолна цена.

Да го зачинам постот со малку наука. Микро Хец имаат цена од 50 илјади до некои 250 илјади евра по централа. Значи доколку на оваа цена ја купите самостојно опремата и платите инсталатори од фабрика самата инвестиција се зголемува за најмалку дупло. Значи сет на инжинери да допатува во Македонија неколку денови со авионски карти, хотел, теренски часови заедно со возило може да чини десетици илјади евра. Секако треба да се пресметаат и темели на трошок на инвеститорот на стандардно непристапен терен како и да се загради инвестицијата.
Бизнис планот кој јас го претставив ги намалуваше инвестициите за скоро половина и даваше можност да се искористат сите потенцијални микро локации не како сега само оние каде има вода за пиење и кои паднаа во рацете на Македонските политичари.

Со контакти од САД во Сплит најдов контејнери со кои се транспортирало воена опрема. Истите по стандард на американската војска беа премачкани со боја која не дава контејнерот да оксидира со гаранција од 50 години. Истите беа веќе отуѓени и нивната цена беше многу ниска. Во Словенија во фабриката на производителот договорив да се направи линија каде истите ќе ја инсталираат опремата во контејнерот со предавање директно со ОН/ОФФ склопка. Значи целосна инсталација на машините, заштитата и електрониката. На терен само треба да има темел од 4 или 6 точки и влез, излез на местата каде има ослободување на водениот притисок.
Со овај бизнис план требаше само да се земат мерки од влез, излез и напонско ниво на поврзување да се испратат податоците во Словенија и да се изгради Хец системот. Со камион да е пренесе контејнерот кој е стандардна димензија и не бара екстра трошок поради специјален превоз и за еден ден Хец е во систем и генерира профит.

Нема мито, нема микро Хидроцентрали. 🙂

Со ова голем дел од потенцијалните Хец не се реализирани бидејќи немаат голем проток на вода и со повисоките влезни инвестиции се неисплатливи или неинтересни за приватните инвеститори.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top