ДА ЗНАЕМЕ КОИ СМЕ, КАДЕ СМЕ, КОЛКУ СМЕ. ДА ЗНАЕМЕ ШТО САКАМЕ И КАКО СМЕ ОРГАНИЗИРАНИ ВО ДИЈАСПОРАТА?

И ова треба да биде планска активност на пратениците од дијаспората.

Кој знае колку сме? Кој знае каде сме? Колку да сме доста сме за да се чуваме.

И ова давно го рекол нашиот идеолог од историјата Гоце Делчев. Само да се потсетиме на овие зборови, не за враќање во минатото, туку заради сегашноста, иднината.

Да ја погледнеме статистиката. Сите знаеме дека Македонци во светот има многу повеќе отколку сега што не има по последниот попис во Македонија.

Ние сме Македонци, без оглед дали сме некаде како народ, некаде како малцинство. Дали не има во мал број, или некаде сме и „мнозинство“. Ова треба да се знае, за Македонците во соседството и бившите ЈУ републики, особено за Македонците во Србија и Црна гора, земји со кои има и потпишано Спогодба за заштита на Макеоднското малцинство во Србија и Црна Гора и заштита на нивното малцинство во Макеонија.

Во врска со евиденцијата, колку и каде не има по светот, нажалост, разните институции во Македонија, кои се задолжени за дијаспората и сите останати кои се бават со дијаспората, имаат различни податоци и своја евиденција. Време е ова да се среди, класифицира, унифицира и биде достапно до сите надлежни институции во Македонија.

Врз основа на таа евиднеција и анализи, за бројот на дијаспората по земји, по години на престој во странство, по сите други карактеристики, така да се прават плановите за соработка со асоцијациите на дијаспората.

Пратениците треба добро да ја знаат и познаваат организациската поставеност на асоцијациите на Македонците во светот /преку здруженија, сојузи, црковни организации, политички партии/ Обврска на пратениците од дијаспората треба да се постојаните контакти со студентите од соседните земји кои се по потекло Македонци и кои студираат во Македонија.

Обврска на пратениците треба да биде да имаат добра евиденција и контакти со студентите од Македонија кои студираат надвор од Македонија и се тоа во соработка со асоцијациите на македонците во светот.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top