ДА ПРЕСТАНАТ ДЕЛБИТЕ И КАВГИТЕ ПОМЕЃУ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА

Образложение на најосновните пораки од предлог програма за работа на идните пратеници од дијаспората

Ова треба да биде првата, основната и главна задача на пратениците од дијаспората. Активно да работат да престанат делбите и кавгите во дијаспората. Долгорочно, можно, добитно за коалицијата која најбрзо и најлесно ќе „оствари влијание“ во дијаспората.

Бројни се причините за поделеноста на дијаспората во светот. Секаде се различни мотивите, побудите, причините.

Едни се проблемите во Австралија, други во Америка, трети во земјите од Европа а сосема други во околните земји на Македонија. Дали имаме некои подетални сознанија за овие поделби во сите земји. Мислам дека имаме, само треба да ги обединиме, сублимираме, заради искуство и подобра работа.

Можеби парите се основен проблем таму каде што матичната држава издвојува легално доста средства за работа на малцинствата, или во Австралија каде што верските заедници постојат и работат како работат и што тоа не не е според гледањата од МПЦ ОА, но во сите земји, причините за делбите не се непромостливи, со една добра стратегија за однос на Македонија кон дијаспората.

Поделеноста кај Македонците светот, ја правиме ние самите, но нажалост ја прават и поединци од претставниците од власта, преку вработените во амбасадите и МНР и другите институции задолжени за соработка со дијаспората /познати последните примери со нашите претставници во САД/ а и останатите институции во Македонија, со самото дефинирање и прифаќање и однос кон дијаспората.

Според мене, поделбата се прави и со формирањето на задграничните комитети на партиите од Македонија. Тие одбори, не се никако формалноправно регистрирани во земјите каде „функционираат“ и фактички тие одбори се нелагелани и функционираат „на диво“ во тие земји. Македонците во дијаспората како малцинства се организираат преку здруженија, сојузи, клубови, црковни организации, културно-уметнички друштва и во Србија и Албанија, преку политички партии. Во тие клубови, сојузи, друштва, политички партии, членуваат симпатизери, членови на било која партија, ама и оние кои не се членови на ниедна партија. Треба поинаков пристап. За македонците во странство, Македонија е единствена партија. А за тоа, за која партија и кој кандидат ќе гласаат, ќе зависи од многу повеќе други активности и однос на државата и партиите кон дијаспората.

За надминување на делбите, кај сите наши здруженија на Македонците во светот, потребна ни е подобра организираност, подобра меѓусебна соработка, посебно регионална соработка на асоцијациите на Македонците на Балканот.

Со една стварна подршка и реализација на планираното за дијаспората, резултаите за почеток на престанок и смалување на делбите, се можни и за краток период.

Добро кажано. Дали е тоа можно и како? Да, можно е и мора така. Со планска работа, со јасна Стратегија, работите можат многу брзо да се променат на подобро.

Со одредувањето на кандидати кои стварно се од дијаспората, кои ја знаат проблематиката, кои имаат искуство во непосредната работа на терен со дијаспората.

Со разговори, контакти со сите асоцијации, со стручно согледување на причините, последиците, квалитетана анализа на состојбата и издржани предлог мерки како понатаму, пратниците од ИЕ-7, можат во многу да помогнатн соодетните институции во Македоија да донесуваат мерки за смалување и престанок на делбите.

Како да ни е судбина Македонците низ историјата да се делиме. Како да нe следат некои клетви кои гледаме како се одразуваат врз иднината на државата.

Можеби и затоа, заради таа неслога, не само во минатото, туку и денес, Македонија е таму каде што е, и затоа доцни со реформите и по многу прашања е на дното во рангот на соседите и пошироко. Ако во минатотото делбите на македонците можеа да се сватат како оправдани заради различните согледувања во борбата за остварување на правата и слободата на македонците, денес најмалку ни се потребни делбите.

Како Македонците во Македонија, така и сите ние кои живееме вон матицата земја, време е да сватиме дека со делбите и неслогата, нема да си помогнеме ниту себеси, ниту на нашата матична држава.

Сегашната состојба во Македонија и предизвиците со кои сме соочени, не ни дозволуваат повеќе да се делиме.

Доста ни се делби и кавги.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top