Прво да проговорам за проблемот со загадувањето во Битола и обидот на градоначалникот да ја задолжи општина Битола со триесетина милиони евра за проект кој ќе биде тотално фијаско.
Во екот на грејната сезона постојано се оди со популизам од градската управа за снабдување на Битола со топла вода и пареа од третиот блок на РЕК Битола. Прво да образложам зошто изведувањето на тој проект е рамно на глупост од епски размери па потоа и да дадам мое видување на проблемот и начинот на решавање.
Нема да навлезам во детални анализи за да не го усложнам постот но иако третиот блок има припрема и можност да се одземе пареа истото ќе значи дека ќе се намали производството на електрична енергија со што ќе има загуби кои треба да се пресметаат во целиот проект, бидејќи РЕК е државна сопственост. Одиме понатаму, за да се транспотира енергијата потребен е паровод кој може или под или над земја. Пелагонија е позната по подземни води па доколку го поставиме под земја без искуство со друг проект може многу лесно да се создадат пукнатини кои ќе доведат до екстра трошоци при одржувањето, додека над земја ќе се соочиме со енергетски загуби поради далечината на РЕК. По патот мора исто да се инсталира пупна станица која ќе троши дополнителна електрична енергија. Поради изразито ниските температури кои се стандардни во Битолскиот регион се појавува можност за загуби од повеќе од половина или дури 2/3 од енергијата која ќе ја испраќа блокот во зависност од големината на пароводот.
Загуби, загуби, загуби без да се земе во предвид колку ќе биде животниот век на самиот РЕК.
Хибридните системи се познати по огромните заштеди кои ги имаат. Битола има неколку топлани кои имаат инфраструктура и крајни корисници. Доколку се отстранат старите дотраени и неекономични котли и се заменат со хибридни когенеративни гас електрични котли може да се постигне екстремно ниска цена на енергијата која ќе се испорачува на корисниците.
Имено когенеративната единица користи природен гас или може да има влез од соларни панели. Доколку користи природен гас како енергенс прво произведува електрична енергија која ќе се продава на системот со што ќе може да се отплати инвестицијата на менување на котлите на период помал од 10 години додека корисниците ќе ја покриваат цената на енергенсот која без исплаќање на кредит за инвестицијата ќе биде изразито ниска.