Решенија за спас од загадувањето во Македонија

Акупунктурни точки за спас на воздухот во Битола

1. Најгорливиот проблем кој допринесува за надминување на загадувањето на воздухот со 20 и повеќе пати во Битола е греењето во зимскиот период на дрва. Имено пред неколку години Регулаторната комисија за енергетика изврши корекции на цената на електричната енергија се разбира нагоре и во ист период Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги намали цените на огревното дрво што го натера секој да се промени од затоплување на електрична енергија во затоплување со огревно дрво.

Дополнително на тоа неколкуте топлани низ Битола што поради дотраеност и неможност да бидат самостојно сервисирани што поради политика прекинаа да работат па во моментот немам точни податоци но слободно би рекол поголемиот дел од градот се грее со огревно дрво без и да ги посочувам они кои се греат на лигнит од рудникот во ТЕЦ РЕК – Битола кој е уште поканцероген и поопасен.
Збиената урбана средина старите грејни тела кои не ги досогоруваат дрвата и комбинацијата на локална клима кога има влага и специфичен притисок допринесува изгорените гасови да не го напуштаат градот туку седат над него како печурка видлива за сите кои се качиле до Неолица, Пелистер или било кое околно место.

Прво најитно решение би било промена на горилниците во топланите со нови на ТНГ кои помалку загадуваат и истовремено со тоа ќе се отсрани загадувањето од сите кои сега се приклучени на истите, а се греат на дрва или јаглен.

Продолжува…

М.г. Ивановски Зоран

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top