Приказна како Македонија изгуби сигурна инвестиција од 128 милиони евра.
Некаде во 2011 бев година дена во Македонија да го заокружам Магистерскиот труд но и да се обидам да ги искористам моите врски за да се реализира некоја инвестиција во енергетиката. На неколкку енергетски саеми во САД стапив во врска со најголемиот играч во инсталирање на соларни панели со кој после неколку разговори заклучивме дека нашите приватни животни приказни имаат многу сличности. Некако чекор по чекор и покрај огромните обрски добив пристап до дел од инжинерите со цел да се заокружи проект на соларна инвестиција во Македонија. Наместо целосно исплаќање на физибилити студијата како за сите конкуренти договорив на мој трошок да паднат само работните часови на инжинерите кои ќе работат на проектот Македонија.
Да го зачинам постот со малку наука. Соларните панели и производството на енергија од истите е сеуште најскап начин на производство кое е на пазарот. Сега сигурно ќе се запрашате зошто најмногу време посветив, а нашата економија е пред клиничка смрт.
Погоре во текстот нагласив дека сопственикот е растргант од обврски поради самиот факт дека успеал да состави неколку системи во еден. Имено овај тип на соларна инсталација се нарекува паметна мрежа. Сите #солар ни панели имаат можност за комуникација помеѓу себе и секој 200 мастер панел комуницира со серверот.
Со ова има можност да се прати протокот на енергија и аголот на активна и реактивна енергија. Секој панел има кондензатор па со тоа и можност да инјектира капацитивност и со тоа да го намали аголот на активна и рекативна енергија и следствено да ги намали џуловите загуби.
Со самата можност на контролирање на протокот на енергија многу лесно може да се намали кражбата на енергија поради нелегални вклучувања особено важно за ЕВН.
Можно е исто контрола на уличното осветлување меѓутоа не како денес само преку склопката во траснформаторот туку и со димирање во зависнот од условите во текот на ноќта.
Проектот требаше да има пилот, почетен дел и целосно заокружување. Поради сите придобивки беа контактирани ЕУ банки кои беа заинтересирани да дадат и кредит, но целата реализација застана кога лично почнав да воспоставувам контакти со Македонскиот дел од ЕВН. Инаку иако целата физибилити студија ме чинеше повеќе од $150 илјади од принцип им посочив дека нема да има мито за никого бидејќи ќе имаат огромни придобивки со самата реализација.
Нема мито нема соларни панели. 🙂
Сеуште не сум сигурен дека австриското раководство е информирано за ова и доколку некој има контакт може слободно да ги информира, а ако некој сака детални информации стојам на располагање.