Заради јакнење и остварување на врските на ДИЈАСПОРАТА со матичната држава, во согласност со член 49 од Уставот на РМ, заради подобрување на положбата и заштита на правата на Македонците од регионот и иселениците, заради грижа за економските, културните и социјалните права на дијаспората, заради унапредувањето на економската соработка на Македонија со дијаспората, заради потпишување на меѓународни договри за заштита на правата на македонското малцинство, во согласност со меѓународните стандарди и со други земји, заради организирано учење на македонскиот јазик, чување и негување на културата и спречување на асимилацијата, и најповеќе, заради надминување на делбите, пропустите, слабостите, недоразбирањата во делувањето на асоцијациите на Македонците во светот и остварување што поцврсти врски со матичната држава, треба да се иницира промена на законската регулатива.
Да се формира Собрание на дијаспората, како највисоко претставничко тело на дијаспората, и истото да одржува редовни годишни конференции.
Тоа тело ќе треба да покрене иницијатива за повторно формирање на Министерство за дијаспора и Македонците во регионот, или ако не може министерство, потребна е подобра регулатива и обединување на надлежностите на МНР-Секторот за следење на националните приоритети и Агенцијата за ислеништво за соработка со дијаспората, во согласност со законот и стратегијата.
Собранието на Република Македонија треба да ги донесе следните акти:
- Закон за дијаспората на Република Македонија и Стратегија за односот на Република Македонија кон дијаспората и Македонците во регионот
Со донесувањето на еден ваков Закон и Стратегија за односот на РМ кон дијаспората, а посебно со формирањето на Собрание на дијаспората, ќе се створат услови за поорганизирана работа, за почеток на една нова страница во единството на дијаспората.
- Закон за дијаспора
- Министерство за дијаспора
- Собрание на дијаспората
- Совет за ислеништво
- Совет за МНМ
- Совет на МНМ
- Македонски наионален фонд
- Комисии
Институт за дијаспора