Решенија за спас од загадувањето во Македонија

Акупунктурни точки за спас на воздухот во Битола

Решенија

Хирушко решение кое трајно би го решило проблемот на затоплувањето и следствено би го намалило загадувањето на Битола е нејзината гасификација. Било која високо урбана средина дополнително концентрирана како Битола мора да се гасифицира. Сепак најдоброто решение бара време но и најдолгиот пат започнува со првиот чекор така и ние треба час поскоро да почнеме со фисибилити студија па со можно затворање на финансиската конструкција и секако изведување.

Ханзаплас решенија за затоплувањето

1. Субвенционирање на граѓаните од страна на владата и дополнително од општините каде има најголемо загадување на граѓаните кои ќе решат да ги променат постарите грејни тела на дрва со пософистицирани на пелети на пример или било што поново кое има помало загадување.

2. Субвенционирање во понизок степен на граѓаните од страна на владата на граѓаните кои ќе ги променат постарите грејни тела со посовремени со горилник каде има повисок протек на воздух и со тоа подобро согорување на огревното дрво.

3. Бескаматно кредитирање и субвенционирање на граѓаните од колективните станбено објекти кои ќе се решат да постават нова фасада на објектите кои немаат никаква изолација со цел постигнување на енергетска ефикасност.

4. Промовирање на потребата за енергетски ефикасни објекти за живеење и заштедите кои би се постигнале кога објектот би се изолирал во споредба со претходно.

5. Забрана и високи казни за било кој субјект приватен или правен кој за огрев или затоплување користи недозволени или канцерогени материјали како гуми, пластики или било што во тој контекст кое загадува во епски пропорции.

Продолжува…
Наредно Транспорт

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top