Решенија за Отпад
Reduce,
Reuse,
Recycle
Во нормалниот дел во светот трите зборови погоре стануваат мода, закон, движење или било што кое опишува напреден тренд.
Претходно нафрлив некои бројки колку горењето на отпадот на отворено допринесува до загадувањето на воздухот.
Како можеме да си помогнеме?
Па за промена на пример да почнеме да го сортираме отпадот. Не мора дури ни закон за тоа. Низ градот има патроли од битолчани кои за да се прехранат собираат пластика, хартија или друг корисен отпад кој може да се препродаде. Предлог да започнеме движење преку групата во кои денови кој тип на отпад ќе се исфрла.
Прво е потребно идеата да се постави на хартија. Следно е да се таргетира помала група каде заживувањето на проектот би одело полесно. Пример за таква група би биле помалите бизниси низ градот и старата битолска чаршија. Средства за набавка на нови канти за овој проект многу лесно мислам дека можат да се издејствуваат преку ИПАРД фондовите дополнително ако е потребен некој влезен влог истиот може да биде покриен со продажба на правата за рекламирање врз истите кои секако ќе бидат поставени на ударни места во градот.
Нареден чекор е после заживување на пилот проектот истиот да се копира во целиот град. Поставување и користење на канти за персонален и колективан отпад кој може да се рециклира.
Покрај намалување на загадувањето поради палење на помали количини на отпад кој може да се рециклира можам слободно да кажам дека доколку проектот се реализира во целост возможно е и одреден број на вработувања во општината.
Продолжува…
Наредно?
М.г. Ивановски Зоран