ПОПИС

Уште една од многуте лаги на Груевски и неговата Влада е пропаднатиот #попис на населението. Тука, мора да се напомене дека во цела Европа, освен Босна и Херцеговина, само Македонија не успеа да си го попише населението. Неуспешниот обид за попис траеше неколку денови, но по поразителните податоци беше итно прекинат. Без никакво јавно образложение од негова страна, (не)успешно се прикриваат сите манипулации со Македонскиот народ и неговите пари.

Ако како последните статистики МКД има 1750 000 жители тогаш надворешниот долг на државата е многу поголем бидејќи се распределува на многу помалку жители.

Сите страмежливо откриваат некој бројки меѓутоа никој не потегнува за повторување на пописот што е обврска на секоја земја.Ако имавме 30 000 првачиња пред 7 години а сега нецели 20 000 тоа е 1/3 помалку не сакам ни да помислам да МКД наместо 2 000 000 има 1/3 помалку жители.

Фактите говорат, дека од 1998 година па наваму се расселени повеќе од 230 000 жители, со што се отвора пандорината кутија. Со овие податоци сфаќаме дека имаме навистина голем проблем, односно дека десетина население заминало да бара чаре и живот во друга држава. Исто така, забележуваме и дека со сите тие денови пропаднат попис, пропаднале и еден куп финансии за потрошен материјал како и за дневници за попишувачите.

Помеѓу многуте прашања кои се наметнуваат со прикривањето на вистинската, реална бројка на население, се наметнува и дилемата за можни изборни фалсификати, на постоечкото население, наспроти бројката со која се манипулира како гласачко тело?!

Или можеби, откривањето на илјадници Македонци кои спасот го побарале, декларирајќи се себеси како Бугари?!

Многу потресни вистини, со кои би се потресол цел систем, со што ќе се скршат стаклените нозе на и онака кревката држава.

Суровата реалност, е дека Македонија е презадолжена земја и дека доколку се откријат сите факти и вистини, Никола Груевски ќе треба да се соочи со критиката на својот народ, за бесполезното трошење на милиони на луксузи, споменици и себепромоција. Но, останува времето да даде одговори на сите прашања, па после се да заклучиме дека на лагата и се кратки нозете, а вистината излегува на виделина, па еден ден ќе има крај на сите (не)правди на грбот на Македончето.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top