Македонија лежи на НАФТА, дали е возможен економски напредок на основа на Нафтена Бонанза

Ќе ја започнам приказната со мала посета на нашите соседи. Србија има нафтени бушотини од 1950 година кои со текот на времето имаа се помало производство поради за нас добро познати настани. Србија експлоатира 23000 барели на ден и со тоа задоволува блиску до 30% од потребите од домашно прозводство. После превземањето на Српската Нафтена Идустрија од Гас Пром производството скокна во една година за цели 30%. Дел од правата за ископувања на Нафта се на територијата на Босна.

Јужниот сосед покрај старите нафтени полиња кај Кавала откри голем количини на нафта во Егејското море но и во областа по течението на реката Вардар. Во 2016 година Грција го дуплира производството на Нафта со стабилни предвидувања дека од 10000 барели на ден ќе се искачи наредните година на 35000 барели на ден.

Албанија последните години доста вложуваше во пронаоѓање на нови извори на нафта што на крајот вроди со плод со пронаоѓање на најбогатите полиња во областа на градот Дурес кои се веќе започнати да се експлоатираат.

Интересно е дека генералот Весли Кларк бараше дозвола од косовските власти за експлоатација на Нафта, имено во областа на Призрен се смета дека има можност за експлоатација на 1500 барели на ден со можност за обрт на вкупно $8 милијарди.

Уште во 1960 година компанијата Нафта Гас од Војводина вршела со тогашната технологија испитувања во селото Ерџелија во Овче полието кои дале позитивен резултат според тогашните стандарди односно без достапност на фракинг технологијата која овозможува експлоатација на многу посуви нафтени полиња.

По некоја случајност во разговори со Казахстански бизнисмени од нафтената идустрија во Северна Дакота дојдов до информации дека дел од нивните експерти биле ангажирани од Македонија за проценки на Нафта во истото мало градче. Имено Северна Дакота има силни врски со Казахстан не само поради сличностите во Нафтените бушотини туку и во Земјоделието и одгледувањето на крупен добиток па во повеќе наврати имаше посета на Северна Дакота но и повратно во Казахстан. Да се вратам назад после оваа интересна информација која стигна до мене на другиот крај од светот поразговарам со неколку експерти во Нафтената идустрија кои според околината, надморската висината и близината до морето и со тоа и можност за поголеми наслаги за биолошки материјал и со тоа можност за Нафта ми одговорија позитивно дека кога би била истата област во САД истите би оделе степен понатаму во испитувањата за проценка на Нафтените резерви. Покрај Овче Полието можност за пронаоѓање на Нафта има во Пелагонија, и по течението на реката Вардар.

Да се обидам да појаснам дека доколку добијам можност да ги потврдам позитивните сомнежи дека Македонија лежи на нафта истите нафтени полиња нема да бидат богати и експлоатацијата на истите ќе биде со висока цена и ова го зборувам само да нема заблуди дека “азното” брзо ќе не стигне. Имено економската апсолутна нула би била некаде $65 по барел сурова Нафта. Сепак да продолжам со објаснување со цел да станат појасни економските бенефиции од пронаоѓање на Нафта и експлоатирање и по цена на $0 профит.

Доколку Македонија набави минимално 5 дрил сета во комбинација со фракинг машини би можела во некој среден случан да отвори 20 нови бушотини на годишно ниво. Знаејќи дека просечната цена на бушотина со поголема длабочина која би требало да има 20 сетина степени на фракинг чини околу $10 милиони долари доаѓаме до вкупна инвестиција која иако е без профит носи обрт од $200 милиони. На ова мора да додадем помеѓи 30% до 40% на градежни работи кои се потребни да се овозможи пристап и логистика на нафтените бушотини доаѓаме до бројка од $260 или $280 милиони.

Кога покрај ова се реализира мојата програма за енергетска независност односно се започне со реализација на Черен и Галиште во првите три години државата ќе има обрт од $150 милиони само по основа на двете ХЕЦ и повеќе од $120 милиони по основа на соларни фарми и неколку ветерни фарми.

Сума сумарум зборуваме за скоро половина милијарда америкнски долари кои можат да ја задвижат Македонската економија и наместо да ги субвенционираме платите во некои сектори да добиеме нови високо платени работни позиции по илјада и повеќе евра месечно кои ќе ја намалат невработеноста во државата но и ќе ја зголемат конкуренцијата во областа на пазарот на трудот.

Авторот на текстот веќе 5 години работи како логистика на Нафтените полиња Бакен во сојузната држава Северна Дакота во САД.

За да успеам во реализацијата на планот секако морам да ве замолам да ми дадете доверба на изборите во Сабота или истото да го направи идниот премиер на Македонија. Би ве замолил во интерес на подобро информирање на јавноста да го споделите постот на вашиот зид.

 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top